Заев се очекува утре да ги достави до Собранието предлозите за новите министри
Премиерот Зоран Заев се очекува утре да ги достави до Собранието предлозите за новите министри. Имињата се уште не се познати. Од Владата велат дека по доставувањето на имињата, тие ќе бидат познати на јавноста.
– До официјалното доставување на имињата од страна на премиерот Зоран Заев не можеме да кажеме дали на листата ќе има и заменици министри, бидејќи премиерот се уште е во консултации со лидерите на политичките партии кои се дел од владеачкото мнозинство – изјави Мухамед Хоџа, портпарол на Владата.
Новата влада се очекува да биде изгласана на почеток од следната недела.