Момче прободено со нож по тепачка во Чаир

На 20.06.2019 година во 01,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Цветан Димов бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица.

Притоа, на А.Р.(24) му била нанесена повреда од  остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Исто така приведено е и едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави