Расел Кроу откри зошто ja одбил улогата со која би заработил 100 милиони долари

Познатиот актер Расел Кроу откри зошто ја одбил исклучително великодушната понуда за појавување во првиот „Господар на прстените“.

На австралиската ѕвезда ѝ било понудено 10 отсто од добивката од филмот наместо однапред платениот износ за Арагорн во Прстеновата дружина (The Fellowship of the Ring) од 2001 година.

Во новото интервју со Хауард Стерн, Кроу објасни зошто не ја прифатил таа улога. „Мислам дека Питер Џексон всушност не ме сакаше во филмот”, рече тој. „Мислам дека тој беше принуден да разговара со мене (од студиото), бидејќи тоа беше моментот кога сите ме сакаа во секој филм”.

Филмот заработи повеќе од 870 милиони долари во светот, а Кроу најверојатно би заработил најмалку 100 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави