Хамес Родригез се изрази позитивно за Наполи, и според неговиот сонародник Дејвид Оспина, тој би сакал да се случи овој трансфер.
Пред „Тутомеркато”, Хамес Родригез (27) ја коментираше ситуацијата вака: „Мислам дека Наполи е клуб со историја. Марадона играше таму, но сакам да повторам, дека моментално се концентрирам на колумбиската репрезентација. Ќе дојде моментот да се размислува за тоа. Сега во прв план е националниот тим на Колумбија”.