Кога зборуваат за промени, ВМРО-ДПМНЕ треба да се погледнат во огледало и да побараат промени во сопствените редови.
11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во изолација, во сиромаштија, економијата тонеше, фирмите се затвораа а граѓаните не можеа да врзат крај со крај.
За само 2 години од заробена држава и стагнација, станавме светол пример во регионот, а успешните економски политики даваат видлив резултат.
Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 4.1%.
Имаме рекордни износи на директни странски инвестиции и раст на инвестициите од 260 проценти за една година, што е најголем раст на странски инвестиции во регионот.
Просечната плата е порасна за 2 илјади денари а пензиите за над 800 денари.
Државната помош за домашните фирми е на највисоко ниво.
Невработеноста е намалена на историска најниска стапка од 17.8%, отворени се околу 50 илјади нови работни места.
Со одговорно и домаќинско работење решени се долгогодишни проблеми оставени од ВМРО-ДПМНЕ како случајот со комбинатот ФЕНИ, како и пропустите на автопатот Миладиновци-Штип.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат кредибилитет да зборуваат за економија по пустошот што го оставија зад себе.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу Владата предводена од СДСМ која обезбедува прогрес и интеграции и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која сака да ја врати државата назад во изолација и темното минато.
Државата чекори кон напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени со деструктивна и анти-европска политика.