Ресенските пожарникари добија нова противпожарна опрема
Преку проектот „Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонскиот регион (Битола, Прилеп, Ресен)”, денес, ресенските пожарникари во служба на зголемување на нивото на нивната безбедност, добија професионални комбинезони за пожари на отворен простор, професионални пожарникарски шлемови за шумски пожари како и професионални полувисоки чизми за шумски пожари.
Овој проект со вредност од 4.163.550 денари е аплициран до Бирото за рамномерен регионален развој во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година а претходно договорот за реализација на овој проект го потпишаа Центарот за развој на Пелагонсикси плански регион и Министерството за локална самоуправа.