Шеикот Танун бин Зајед ал Најан, помладиот брат на престолонаследникот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед, би можел да е вмешан во ненадејната смрт на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, тврди поранешниот шеф на надворешната разузнавачка служба на Франција.
Бернард Бажоле, кој беше задолжен за францускиот Генерален директорат за надворешна безбедност од 2013 до 2017 година,пренесува „Спутник“.
„Неофицијалната посета на Танун бин Зајед на Каиро на 16 јуни веројатно ќе е поврзана со сомнителната смрт на Морси”, објасни Бажле, без да навлегува во детали.
Танун бин Зајед е советник за национална безбедност на својот брат од 2016 година. Под негово раководство, ОАЕ ја засилија безбедносната соработка со САД и ја промовираа идејата за антииранска коалиција за колективна безбедност, наречена „арапски НАТО”.
Ниту ОАЕ ниту Танун бин Зајед не го коментираа ова прашање досега.
Во посебен твит, Бажоле ја прогласи смртта на Морси занова почетна точка во историјата на исламските движења.
Мохамед Морси, првиот демократски избран лидер во современата историја на Египет, почина во понеделникот за време на судењето во Каиро на возраст од 68 години. Египетските медиуми посочија дека причина за смртта е срцев удар.
Морси, наводно, бил погребан в зори во вторникот под тешко безбедување во оддалечен дел од Каиро. Муслиманското братство ја обвини египетската влада за атентат врз Морси, а турскиот претседател Ердоган, близок сојузник на Морси, исто така, посочи дека тој бил убиен и дека египетските власти не го спасиле.