Нова училишна спортска сала денеска беше отворена во состав на Основното општинско училиште „Рајко Жинзифов” во населбата Драчево во општина Кисела Вода, на чие отворање присуствуваше министерот за образование и наука Арбер Адеми.
Тој рече дека се работи за модерен спортски објект кој ги исполнува сите современи стандарди за квалитетна реализација на наставата по спорт и спортски активности, каде што учениците ќе вежбаат различни спортови.
– Верувам дека оваа спортска сала ќе прерасне во расадник на нови спортски таленти, на нови спортисти, нови репрезентативци. Ќе биде главно место за дружење помеѓу сите ученици и жители од оваа населба, место каде што учениците и младите ќе се отргнат од пороците, ќе излезат од своите домови и ќе се рекреираат, истакна Адеми.