Познатата американска писателка и колумнистка, Елизабет Џин Керол, која е уредничка на познатиот магазин „Ел“ го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја силувал пред 23 години во стоковна куќа во Њујорк. Таа го опишала насилниот чин во нејзината книга за „Одвратните мажи“.
Таа тврди дека го запознала Трамп или есента 1995 или пролетта 1996 година во родната куќа на Менхетен во Њујорк и дека на почетокот тој бил пријателски расположен. Пријателската средба преминала во насилство кога Трамп почнал насилно да ја допира и да ја силува во гардероба.
„Скокна на мене штом се затвори вратата, ме турна до ѕид, во кој многу силно ја удрив главата, па ја стави неговата уста на мојата. Ме држеше до ѕид со неговите рамења и ја бутна раката под мојот капут и ми ги скина хулакопките“ рекла Керол.
Таа раскажала дека успеала да го оттурне од неа и да побегне.
Белата куќа ги отфрли ваквите тврдења за напад, нагласувајќи дека се работи за целосно лажна и нереалистична приказна, која излегла 23 години по наводниот напад е создадена за да го прикаже претседателот во лошо светло.