Европската Унија потврди дека Заев и СДСМ ја уназадија државата. Република Македонија не доби датум за преговори затоа што е предводена од корумпирана и криминална власт чии бизнис интереси се поважни од интересите на граѓаните.
Советот на министри на ЕУ порача дека не сакаат да бидат во исто друштво со земја која е предводена од два пати аболициран премиер кој е фатен жив како бара мито и кој си доделува земјиште на сопственото семејство.
Па Зарем премиерот Заев мислеше дека ќе може да ја прелаже Европа дека:
- Најпосакуван бизнис партнер преку ноќ стана неговиот брат.
- Дека се прави рекет.
- Зарем во Европа ќе одиме со тендери чии победници се знаат уште пред да се отворат.
- Во Европа ли ќе одиме кога главниот земјоделски магнат станува семејството на премиерот преку плантажи на марихуана а не обичните земјоделци?
- Зарем мислеше дека ќе ја прелаже Европа дека криминалот царува а корупцијата расте?
Со СДСМ на власт мафијата си доби сопствена држава, криминалот и корупцијата цветаат, економијата тоне, а државата доживува неуспеси на сите полиња.
Додека на Заев му течат бизнисите со марихуана, „Герас Цунев“, „Цареви кули“ и камионите им возат за РЕК, тој причината за неговиот неуспех да ја внесе Македонија во ЕУ ја бара кај сите освен кај себе. Дури и подготвен е да не искара со меѓународните партнери на Република Македонија само да не признае дека тој е причината поради која не добиваме датум преговори со ЕУ.
Со Зоран Заев и СДСМ државата само пропаѓа и уназадува. Тие не можат да донесат подобар стандард и европска иднина за Македонија. На граѓаните и Македонија потребни им се промени, обнова и напредок кои единствено ќе дојдат кога оваа криминална власт на СДСМ ќе замине.