СДСМ со манипулации се обидува да се извади за скандалозната аудио снимка која се поврзува со нивниот градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и во која постојат сериозни индиции дека истиот бесправно лишува од слобода лице, го тепал малтретирал и навредувал.
Дека бранат насилство врз граѓаните говори и самиот факт што не побараа неотповиклива оставка од нивниот градоначалник.
СДСМ и Зоран Заев се тие кои што оправдуваат и поттикнуваат насилство и незаконско однесување од страна на нивните функционери. Доказ за тоа е несанкционирањето на нивниот градоначалник Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој се закануваше на учителки дека ги прислушкува и следи, доказ е и немањето на епилог за сообраќајната несреќа која ја предизвика заменикот министер, а доказ е и смешната судска пресуда за нивниот поранешен градоначалник Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц со цигари.
Тепањето, навредувањето и лишувањето од слобода на граѓани сигурно не е европска вредност. Се додека СДСМ тоа го штити и го прикрива, дотогаш Македонија ќе биде надвор од Европската Унија.