Поранешниот министерот за финансии, Зоран Ставревски бил повикан минатата недела во Финансиската полиција, дознава Центар.мк, кој објави фотографија од Стевревски како излегува од Управата.
Засега не е позната причината за овој распит, но Ставревски претходно беше осомничен и во истрагата “Подарок” на Специјалното јавно обвинителство.
Во истрагата „Подарок“ осомничени се Ставрески и Јанакиески, дека во периодот од јануари 2012 година до јули 2014 ја злоупотребиле службената положба и овластувањата и го оштетиле Буџетот за речиси 33 милиони евра, бидејќи прибавиле имотна корист за руска компанија. Рускиот долг требало да се регулира со изградба на гасоводот Клечовце- Блок станица 5, за цена далеку повисока од реалната.