Американските власти продолжуваат да го поддржуваат дијалогот во кој посредува Европската Унија (ЕУ), како и да ги нормализираат односите меѓу Србија и Косово, е пораката на Стејт департментот по повод откажувањето на состанокот на лидерите на Србија и на Косово на 1 јули во Париз.
Стејт департментот изјави дека ,,Белград и Приштина треба да ги отстранат пречките, да се избегнат провокации и да се вратат на преговорите”.
,,Ние сме подготвени да слушаме и да им помогнеме на двете страни и на ЕУ како посредник да се најде прифатливо решение за сите”, соопшти американскиото Министерство за надворешни работи.
Средбата во Париз, закажана за 1 јули, на која требаше да се состанат највисоките претставници на Србија и на Косово, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел е одложена на неопределено време.