Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе игра во финалето на АТП турнирот во Хале, откако попладнево го совлада Пјер-Југ Херберт со 2-0. Двата сета пвриот носител на турнирот ги доби со по 6:3.
Мечот траеше еден час и четири минути.
Во финалето Федерер ќе игра со белгискиот тенисер Давид Гофин.
Наградниот фонд на турнирот во Германија е два милиони евра.