Иранската армија денеска ги предупреди САД дека најмалиот напад врз територијата на Иран ќе има катастрофални последици за американските интереси во регионот.
-Испукување на еден куршум кон Иран ќе предизвика пожар за интересите на Америка и нејзините сојузници, изјави бригадниот генерал Аболфазл Шекарчи, портпарол на Генералштабот на обединетите ирански вооружени сили.
-Ако непријателот, особено Америка и нејзините сојузници во регионот, направат грешка и испукаат куршум на бурето барут на кое се наоѓа Америка, тогаш ќе се запалат нејзините интереси, рече иранскиот генерал, додавајќи дека целта на „непријателот”, особено Израел, е да го разоружа Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека во последен момент се откажал од воздушните напади врз Иран за да се избегнат човечки жртви, но се закани дека ќе му се одмазди на Техеран, кој ден претходно собори американско беспилотно летало.