Шпанскиот фудбалски шампион Барселона има намера да купи двајца напаѓачи во тековсниот трансфер прозорец. Според „Диарио спорт”, каталонскиот клуб сака да потпише со Антоан Гризман од Атлетико и со Нејмар од ПСЖ. Наводно, двајцата играчи се согласиле на помали плати само да се реализираат трансферите.
Каталонците за Гризман ќе треба да платат 120 милиони евра, додека трансферот на Нејмар е проценет на 100 милиони евра. Покрај тоа, Барселона сака да го вклучи Филипе Кутињо во договорот.
Минатата сезона Гризман настапи на 48 натпревари за Атлетико, постигна 21 гол и оствари 10 асистенции. Нејмар учествуваше на 28 средби за ПСЖ, реализира 23 пати и забележа две асистенции.