Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави хрватската амбасада во Хаг по средбата на амбасадорот на Бангадеш со хрватскиот заменик-минитер за труд, Дражен Опелиќ.
Хрватска, меѓу другото, сака да ангажира лекари, медицински сестри, стручњаци за информатика, туристички и градежни работници, а од амбасадорот на Бангладеш добиле уверување дека земјата може да обезбеди квалификувани кадри за сите сектори.