Дубровник и дел од историското јадро на градот останаа без струја, поради што се затворени повеќето објекти во најфрекветниот дел на градот.
Како што пишуваат медиумите, повикувајќи се на хрватската Електродистрибуција, станува збор за сериозен проблем кој ќе треба повеќе време за да се санира, и дека работниците ќе треа да го сопрат и сообраќајот во центарот, каде треба да се замени трансформаторот.
,,Системот е преоптоварен во најголем дел поради бројни клима уреди, но и поради рестораните во центалниот дел на градот”, вели градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ.