Од утре и во наредните денови во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури утре ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 34 степени.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во
средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во понеделник.
Во следниот период дневните температури ќе опаднат па во понеделник само понекаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време.