Моите информации се дека во тековниот процес за Диво Насеље не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните, рече претседателот Стево Пендаровски во 360 степени на Алсат М.
„Зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се зафатени луѓето кои дадоа наредба тоа да се направи бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа. И луѓето кои спроведуваа, да ги наречам, претходни подготовки за тој настан да се случи, и тие се случуваа на територијата на Косово и на територијата на Јужна Србија“, изјави Пендаровски.