Тројца загинати и 27 повредени во пожар во Париз

Три лица загинаа, а 27 се повредени во пожар во Париз. Според француските медиуми, огнот избувнал изутринава околу пет часот изутрина во една зграда во улицата Немур.

Две од жртвите изгореле во пожарот, додека третата жртва се задушила од чадот.

Дваесет и седум лица, меѓу кои има и пожарникари се повредени во огнената стихија која зафатила шесткатница во која има и ресторан. Во гасењето на пожарот се мобилизирани  200 пожарникари.

Треба да знаете
Последни објави