Огромни гужви има попладнево на грчко – македонската граница за влез во земјава. Според патници кои со часови чекаат да влезат во земјава, има голем застој и коловина возила кои чекаат да го продолжат патувањето.
Тие сведочат дека околу 30-тина автобуси се заглавени и чекаат околу четири часа да ја преминат границата.
Слично беше и утринава кога на десетина автобуси им требаа повеќе од три часа за да влезат во Грција.