Алијансата за Албанците постојано ги истакнуваше сомневањата во врска со т.н. “метла”, која беше најавена со голема помпезност, а од “метлата” не излезе ништо конкретно, освен 3-4 наметнати промени како последицана оставките на министерите за култура и министерот за земјоделие, како и поради отсуството на работа на Хазби Лика, ништо конкретно, сметаат од партијата.
Единственото “откритие” на премиер е тоа што одлучи тој самиот да ја врши функцијата министер за финансии, што не претставува ништо друго освен “трик” за да ги измами граѓаните, така што тој ги презема лично финансиските работи на државата и дека сега ќе има резултати. Премиерот дефинитивно не покажа смелост да се солободи партиските гангстери кои гиокупираа институциите и мислат дека владините функции им припаѓаат со наследство. Премиерот не покажа храброст да се ослободи од функционерите кои имаат афери за непотизам.Тој не покажа храброст да се ослободи од неспособните кадри во министерствата и кои не ги постигнаа ветените резултати, велат од АА.
Според нив, Заев не покажа храброст се ослободи од неодговорните кадри, кадрите кои потпишуваат договори во четири очи, кадрите кои им даваат тендери на штотуку регистрирани фирми, кадрите кои ја користат функцијата министер во корист на нивните приватни фирми, кадри кои се во состојба да го прекршат законот за лични придобивки.
-Алијансата за Албанците е свесна дека премиерот не ја поседува таа храброст. Денес со предлогот што го даде, уште еднаш сака да ги измами граѓаните на Северна Македонија. Премиерот покажа дека се во неговата работа е само фарса. Надеж од оваа влада нема, затоа не преостанува ништо друго освен предвремени избори. Алијансата е подготвена да го преземе кормилото и да покажеме како се управува во служба на народот, а не во интерес на партиските групи и кланови, рекоа од Алијансата за Албанците.