Невремето пропратено со обилни дождови и силен ветер синоќа предизвика значителна штета во Хрватска.
Во Загрен едно лице вчера е повредено откако гром го запали неговиот дом.
Поради невремето пожарникарите во главниот град на Хрватска интервенирале повеќе од 30 пати.
Во Сисак ветерот корнеше дрва, а надојдената вода поплави повеќе објекти.