Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни.
Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја невоља. Епископот на Пруса беше затворен за време на повампирувањето на паганството во Рим за владеењето на император Јулијан (361-363), кого црквата го нарече Отстапник. Имено, овој беше христијански воспитаник, па дури покажуваше и наклонетост кон монаштвото, но кога дојде на престолот не само што заборави на се, туку и се натпреваруваше со претходните гонители на христијанството. А кога го затвори Тимотеј, многу христијани доаѓаа во затворот да се поучат од мудроста на овој епископ. Кога слушна за тоа, Јулијан нареди да го погубат, што и се случи во 362 година. Свети Тимотеј, за сведоштво пред светот, и по својата смрт продолжи да чудотвори преку своите мошти.