Каков било конфликт во регионот на Заливот би можел неконтролирано да се прошири, изјави иранскиот генерал мајор, Голамали Рашид.
„Ако избие конфликт во регионот, ниедна земја нема да биде во сотојба да ги контролира неговите размери и тајмингот“ рекол генерал мајор, Голамали Рашид.
„Американската Влада мора да делува одговорно за да ги заштити животите на американските војници и мора да се избегнат непромислени акции во регионот“ нагласил тој.
Иран вчера соопшти дека ќе одговори одлучно да каква било закана.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека се уште размислува за воена акција против Иран, поради уривање на беспилотно летало, нагласувајќи дека употребата на сила е секогаш на маса додека не го решат ова прашање.
Трамп изјави дека го отповикал воениот напад во четвртокот откако дознал дека 150 луѓе ќе бидат убиени.