Tриесетиедногодишен државјанин на Албанија вчера бил прегазен од трактор во пределот на левата нога во кичевското село Колибари.
Тој се здобил со сериозни повреди и му била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“во Охрид.
Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на расчистување на случајот.