Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот.
Околу 14.15 часот во СВР-Битола било пријавено дека во стан на на улица Климент Охридски, С.Ѓ. по претходна меѓусебна расправија ја убил својата сопруга М.Ѓ., пукајќи со пиштол „ЦЗ 7,62“ по што извршил самоубиство.
Обвинителството информираше дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.
,,Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција”, соопшти обвинителството.