ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој го потсети премиерот Зоран Заев дека поминале два дена, а уште не го осудил насилството на градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.
-Трагично е да се види и прочита соопштението на СДСМ во кое нема ниту збор осуда и барање за оставка за нивниот за нивниот градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ,кој што е сериозно вмешан во скандал за бесправно лишување од слобода, измачување, тепање и навредување на граѓанин. Ова само го потврдува фактот дека Зоран Заев и СДСМ се главни поттикнувачи и одобрувачи на насилството, самоволието и беззаконието кое што го спроведуваат нивните пулени и функционери. Два дена поминаа, а ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не побараа оставка од нивниот градоначалник Дудуш, иако ова не е негов прв скандал. Криминалот и насилството врз граѓани и шерифлукот кој СДСМ го манифестира не се европски вредности и заради сето ова Македонија е се подалеку од Европската Унија и нејзините принципи на владеење на правото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.