Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ.
-Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети.
Тоа што илјади пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. А вистината која толку многу често ја манипулираат е следна: Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска висина од 1500 м купено од друго приватно лице, каде сега има насади со ореви.
Што се однесува до темата хидроцентрали, Димитар Димовски поседува едноцифрен удел во компанијата која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање на концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законските и подзаконските акти. Впрочем ако имаше било какво отстапување, досега ќе имаше правосилни пресуди познавајќи ги нивните тесни релации со политизираното судство.
Што се однесува до темата СЈО, причината зошто јавноста е против ваквото нефункционално СЈО треба да ја бараат во своите редови, затоа што на Македонија не и треба партиска испостава која ќе произведува неправда која е политички сугерирана, туку вистинска правда достапна за сите институција, која ќе го гони вистинскиот криминал. А такво обвинителство Македонија ќе има
Очекуваме СДСМ јавно да се извини поради ваквите дрски лаги, манипулации и злоупотреба на вистината.
Ваквите нервозни соопштенија и ширењето на лажни вести не го намалува скандалот на пуленот на Зоран Заев, Курто Дудуш, кој измачуваше, тепаше и навредуваше човек во градоначалничката канцеларија.
Кој и да излезе на прес конференција и да ја говори вистината ќе се најде на метата на СДСМ, но тоа нема да не спречи да ја говориме вистината. А вистината е дека партијата предводена од аболиран за криминал човек, сега застанува во одбрана на уште еден градоначалник насилник, само затоа што е пулен на лидерот Зоран Заев“.