Екрем Имамоглу убедливо победи на изборите за градоначалник на Истанбул. Со тоа владеачката партија во Турција ја изгуби контролата на најголемиот град во државата, Истанбул, по денешното повторено гласање на локалните избори.
Според привичните неофицијални резултати, за кандидатот на Републиканската народна партија, гласале околу 55 проценти или 4,6 милиони жители на најголемиот турски град. Веднаш зад него е поранешниот премиер, Бинали Јилдирим со освоени 45 проценти од гласовите. За останатиете кандидати гласале само 0.8 проценти од гласачите.
,,Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул”, рече Имамоглу.
Kандидатот на владеачката партија за правдата и развојот му честиташе на Имамоглу.,,Упатувам честитки до него, и му посакувам успех. Изборите значат демократија. Овие избори уште еднаш покажаа дека демократијата во Турција функционира на најдобар и беспрекорен начин”, рече Јилдирим.
Локалните избори во Турција се одржаа на 31 март оваа година.Имамоглуги освои изборите со минимална разлика од 13.000 гласови.
Од тогаш партијата на Правдата и развојот АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чиј кандидат Бинали Јилдирим ги изгуби изборите во финансискиот центар на Турција, се жалеше на изборни нерегуларности. На 6 мај Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука со која ги поништи резултатите од мартовските избори за градоначалник на Истанбул и нареди повторување на изборите за таа функција.