Поранешниот напаѓач Атлетико Мадрид, Ливерпул, Челзи и шпанската репрезентација Фернандо Торес објасни зошто одлучи да ја заврши својата кариера. Тој исто така кажал кога ќе биде неговиот последен натпревар.
– Им благодарам на сите што ме поддржаа во овој тежок момент. Мојот последен натпревар ќе се одржи во Тосу на 23 август против Висел Коби и моите пријатели Иниеста и Вила. Ова ќе биде конфронтација што никогаш не би ја замислил. Мислам дека дојде совршен момент. Го слушав моето тело. Повеќе не уживам во играта како порано. Затоа, мислам дека единствено нешто што можам да направам е да заминам сега. Сакам да го напуштам фудбалот со чиста совест, изјави Торес.
Тој беше светски шампион со репрезентацијата на Шпанија и двократен европски шампион, освојувач на Лигата на шампионите со Челзи, како и победник во Лига Европа со Челзи и Атлетико.
За време на неговата кариера настапи на 706 натпревари, постигна 252 гола и забележа 73 асистенции.
Последниот клуб на Шпанецот беше јапонскиот Саган Тосу.