Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 24-ти јуни меѓународниот ден на балканските египќани.
Египќаните се составен дел од македонското општество со векови и се дел од нашата култура и традиција. Тие секогаш биле кохезивен фактор и се залагале за просперитетно општество.
Во овие турбулентни момент за Македонија, со изразито иселување, сиромаштија и криминал и корупција на сите полиња потребно е единство и желба за проспeритет. Иднината ќе биде сигурна само доколку имаме ефикасна правна држава се избориме за обнова и економски слободи за сите. Благостојбата на државата е од значење за сите, затоа да се обединиме и кон создавање подобра иднина, за сите и заедничка обнова.
Дозволете ми уште еднаш да Ви го честитам 24-ти јуни. со искрени желби за многу здравје, среќа и радости, просперитет на Вас и Вашите семејства.