Најмалку пет луѓе загинаа а повеќе од 100 се повредени, кога патнички воз излета од шините во Бангладеш.
Се стравува дека бројот на жртвите би, можел да се зголеми, зошто два вагони паднале во канал, рекол претставник на полицијата.
Во вагоните би можело да има уште тела на загинати патници, пренесе Ројтерс.
Возот патувал од источниот град Силета кон престолнината Дака, излетал од шините додека поминувал преку мост.