Репрезентацијата на Аргентина со победа против Катар од 2:0 се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка, а оваа средба покрај двата погодоци ја одбележа и неверојатното промашување на Лионел Меси.
За кратко време „аматерскиот потег“ на Меси стана вирален на социјалните мрежи.
Се играше 73-тата минута и Аргентина беше во водство од 1:0, кога Меси имаше прилика да го „реши“ натпреварот.
Но, и најдобрите грешат. Меси, кој според многумина е најдоброт фудбалер на денешницата, лошо ја прими топката и таа отскокна, па наместо во голот, заврши далеку над него.