Во текот на изминатите денови (21, 22 и 23.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 94 возачи од кои: 31 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 56 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 30 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.