Британскиот Парламент беше евакуиран денеска поради предупредување за пожар, но по 20-на минути обезбедувањето дозволи работата на институцијата да продолжи, јавија британски медиуми.
Парламентарците биле известени да го напуштат објектот преку разгласниот систем откако се вклучил и звучниот аларм за пожар.
Алармот прекинал по 20-на минути подоцна и пратениците, вработените од службите и на новинарите им било дозовлено да се вратат во Вестминстерската палата.