Ограбил маркет во Ѓорче, па го уапсиле

Полицијата уапсила разбојник, кој ограбил маркет, вчера во скопската населба Ѓорче Петров.

На 23.06.2019 година во 9 часот во СВР Скопје, вработена во маркет на улица Ѓорче Петров пријавила дека непознат сторител извршил разбојничка кражба во маркетот.

По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле и привеле сторителот и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави