Според неофицијални сознанија на Centar.mk денеска попладне околу 14.15 часот од страна на итната медицинска помош во СВР-Битола пријавено било дека на улица Свети Климент Охридски, лицето С. Ѓ. (1957) по претходна меѓусебна расправија извршил убиство на неговата сопруга М.Ѓ. (1962) пукајќи со пиштол марка ЦЗ 7,62.
Откако го извршил убиството врз својата сопруга, мажот се самоубил, дознава Centar.mk.
На лице место се присутни полиција, а известен и Јавен обвинител.