Автомобил со словенечки регистерски таблички падна во море на сплитското пристаниште, јави порталот „24сата“.
Автомобилот, како што се наведува, плутал извесно време, а потоа почнал да тоне.
Очевидците раскажуваат дека патниците го напуштиле возилото пред да падне во морето.
По неколку часа автомобилот бил успешно извлечен.