(Видео) Граѓаните ги блокираа улиците во Белград поради поплавите

Граѓаните го блокирале патот во белградската населба Котеж, барајќи да дојдат надлежните служби, откако нивните куќи беа поплавените од обилните дождови кои врнеа непрекинато 18 часа. Иитервенирала и полицијата, откако насобраните граѓани не им дозволувале на возилата да поминат.

Како што јавуваат белградските медиуми, во некои од куќите имало и по половина метар вода. Околу 60 литри дожд паднаа во Белград за еден пол час, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки институт.

Поради обилните дождови, пристапот на градот беше речиси целосно блокиран, а колоните на автомобили беа долги и по неколку километри.

На булеварот ,,Зоран Ѓинѓиќ”, водата достигна еден и пол метри.

Стотици автомобили, гаражи, подруми, бројни угостителски и услужни објекти се поплавени, а сериозно се загрозени и многу станови на приземје.Републичкиот хидрометеоролошки институт претходно ги предупреди граѓаните да не ги напуштаат домовите без потреба и да ги затвораат прозорците.

Треба да знаете
Последни објави