Илјадници луѓе маршираа во неделата на улиците на Сао Пауло на годишната Парада на гордоста, каде што овој пат протестираа против политиката на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро.
Меѓу демонстрантите беше британската поп-пејачка Мел Ц, поранешна членка на групата „Спајс грлс“, покажуваат снимките на ТВ „Глобо“.
Болсонаро е познат по своите хомофобични изјави. Тој еднаш рече дека повеќе би сакал да го изгуби својот син во сообраќајна несреќа отколку да биде хомосексуалец.
Тој се нарекува себеси горд хомофоб и еднаш рече дека би претепал двајца мажи ако ги види дека се бакнуваат на улица.
ЛГБТ-активистите стравуваат дека неговите коментари го зајакнуваат насилството кон хомосексуалната заедница во земјата.