Луксузни имоти запленети од водачи на наркокартели се продадени на аукција во Мексико Сити.
Куќите опремени со базени, подземни тунели за бегство, ранчови како и стан во кој бил убиен наркобос, беа ставени на продажба, пренесе Би-би-си.
Но, само девет од 27 имоти понудени на продажбата, се всушност продадени.
Според мексиканските медиуми, преку аукцијата биле собрани 56,6 милиони пезоси (3 милиони долари), а очекуваната сума пред наддавањето била 167 милиони пезоси.
Обрадор изјави дека парите ќе им помогнат на сиромашните и маргинализираните заедници во сојузната држава Гереро каде владее насилството.
На крајот на мај, слична аукција акумулираше 1,5 милиони долари од продажба на домови и автомобили на криминалци, вклучувајќи и барем еден поранешен политичар. Меѓу понудените предмети беше и едно луксузно „ламборџини“.
Властите најавија дека повеќе аукции ќе се одржат и во наредните месеци.
Обрадор, кој беше избран минатата година, исто така вети дека ќе го продаде својот претседателски авион за да ги финансира напорите за намалување на илегалната миграција.