Кралицата Елизабета одлучи да ја напушти Бакингемската палата. Таа ги спакува ковчезите и привремено се исели од дворот, а на помош ѝ дојдоа експерти, кои се обидуваат да го решат ширењето на глодачите. Инвазијата на глувци и стаорци ја принуди кралицата на привремено бегство, пишува британски „Сан“.
Откako кујнскиот персонал се пожали на појавата на глодачи во кујната, беа повикани службите за дератизација и дезинфекција за да почнат со решавање на сериозниот проблем со поставување силни отрови.
Сепак, извор близок до кралското семејство за овие медиуми изјави дека персоналот е навикнат да гледа мали кафеави глувци во палатата и дека овој проблем ќе биде тешко да се реши.
Портпаролите на Агенцијата за контрола на штетници признаа дека глодачите станале имуни на отровите што ги користат во такви случаи.