„Епл“ објави доброволна покана за повлекување одредени број примероци на постар модел на 15-инчниот MacBook Pro. Причината за повлекувањето е батеријата што може да се прегрее и претставува безбедносен ризик.
Повикот се однесува на модели што се продадени меѓу септември 2015 година и февруари 2017 година. „Епл“ им порачува на корисниците да престанат да ги користат ваквите лаптопи, а батеријата ќе им биде заменета бесплатно.
Корисниците лесно може да проверат дали нивниот лаптоп е ризичен на тој начин што на интернет-страницата на компанијата ќе го внесат серискиот број на уредот. Батеријата може да се замени во продавница на „Епл“ или кај овластен сервисен центар.
Можна е и замена по пошта.