Концертот на италијанскиот бенд „Калашима” вечер од 21 часот ќе се одржи во кино „Фросина” наместо во Сули ан поради најава за дожд, соопшти „Скопско лето”.
На концертот, кој се организира во соработка со Амбасадата на Италија и „Оффест”, ќе настапат шест музичари на различни инструменти – перкусии, дајре, хармоника, усна хармоника, тар, тарабука, канџира, џембе, кахон, џампоња (италијанска гајда), флејта, флагола…
-Експлозивни, енергични, врвни, „Калашима” се меѓу најатрактивните бендови во Италија. Шест пријатели, израснати со мелодиите и хипнотичките ритми на магичниот ритуал на Таранта, повторно ја изменуваат традицијата со дива мешавина на електронски и лисергични ритми и оригинални мелодии во фолклорен амбиент, соопшти „Скопско лето” во најавата за концертот.