„Љубовниот триаголник” – Бредли Купер (44), Ирина Шајк (33) и Лејди Гага (33) не престануваат да бидат главната тема на Холивуд. Додека некои шпекулираат дека актерот и пејачката биле во врска за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена”, други со нетрпение чекаат изјави од поранешните партнери и наводната љубовница.
Освен демантирањето на спорната врска, Гага и Купер не дадоа никакви изјави, но близок пријател на пејачката за USWeekly рече дека таа тешко се справува со ситуацијата.