Жена од Тексас е обвинета за убиство на својот 3-годишен син, откако го прегазила со автомобил за време на игра позната како „чикен“. Се работи за игра во која двајца натпреварувачи одат еден кон друг со голема брзина, обично со автомобили. Првиот што ќе избегне судир е „чикен“ или кукавица.
„26-годишната Лексус Стег е фатена од надзорната камера од нејзиниот стан додека вози џип „Линколн Навигатор“ од 2006 година кон своите деца кои трчаат пред возилото“ изјавила за Си-ен-ен окружната обвинителка, Ким Ог.
Две деца успеале да се тргнат од патот на возилото, но 3-годишното дете бил прегазен, стои во извештајот на обвинителството.
Детето најпрво го зафатило десното предно тркало, но Стаг не застанала и го удрила детето и со задното тркало. Taa ѝ рекла на полицијата дека мислела оти поминала преку легнат полицаец. Жената била уапсена во четвртокот и е обвинета за убиство од небрежност, за што ѝ се заканува 10 години затвор.
По несреќата, одземени ѝ се и другите две деца.