Сопствениците на куќа во американската држава Монтана беа изненадени кога враќајќи се дома во петокот открија дека црна мечка спие на полицата од плакарот во нивниот дом.
Полицајците, кои беа повикани поради провала, низ прозорецот видоа голема црна мечка како дреме на полицата од плакарот, пишува „Би-би-си“.
https://www.facebook.com/MissoulaCountySheriffsOffice/videos/2267794006603686/?t=0
И покрај тоа што тие тропаа на прозорецот за да ја разбудат, таа само уморно зевнала и продолжила да спие.
Животното најверојатно влегло во куќата преку пералницата и ја заглавило вратата. Обидувајќи се да излезе, таа направила целосен хаос, но потоа најверојатно била уморна и одлучила да прилегне.
Полицајците кои дојдоа во куќата не ја импресионираа мечката, па на крајот ветеринарите мораа да ја успијат за да ја вратат во природата.
Полицијата го искористи овој настан за да им се обрати на локалните жители да ги заклучуваат вратите, бидејќи ова не е прв пат што мечки да влегуваат во куќите во Монтана.