Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс на настан на фирмата Вилиџ глобал каде што присуствува како гостин, откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога дозволил Гугл прв да ја отпочне приказната „Андроид”.
– Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар на којшто победникот зема сѐ, изјави Гејтс. – Значи, најголемата грешка направена кога било, ми беше лошото управување што доведе до тоа денес Мајкрософт да не е она што е андроид.
Тој додава и дека е природно и очекувано „Мајкрософт” да бил победникот. – Има место само за еден оперативен систем кој не е на „Епл” и, колку тоа чини? 400 милијарди за да заврши со М (Мајкрософт) наместо со Г (Гугл), истакна Гејтс.
Гугл го купи Андроид инк за 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен концепт што ќе овозможи пристап на поголем број луѓе на интернет.